IQ Option 4.0 Програма за тргување

Направена е голема промена на софтверските пакети на IQ Option. Тие сега се исполирани и уште повеќе привлечни. Сите различни елементи на интерфејсот се основани на WebGL, технологија која прикажува сложени, тридимензионални графици во самиот веб-пребарувач.

Програма која е лесна за употреба и овозможува најдобро трговско искуство

Дали некогаш сте имале проблем да ги вклопите во сите девет графикон на тргување со акции во еден екран? Ние овој проблем го решивме имплементирајќи Emscripten технологија во нашиот најнов терминал за тргување, кој лесно ги пренесува сложените кодови на десктоп програмите на веб-страници.

Огромното подобрување во корисничкиот интерфејс ја прави програмата на IQ Option еднаква со останатите професионални тргувачки системи за десктоп употреба. Сега можете да бирате од десетиците местоположби на графикони и конфигурации. Нашите последни надоградби исто така Ви овозможуваат да ги зголемувате или намалувате прозорците на веб-пребарувачите поединечно и независно.

 

 

Прегледајте ја двегодишната историја на квоти

Како воопшто би можеле да анализирате квотата на тргување ако не можете да ја гледате историјата на податоците од минатиот ден, недела или месец? Точна анализа на квоти е невозможна без потребните податоци и програми, и токму затоа последната верзија на IQ Option Ви дава повеќе информации за вредноста на акциите од било кога. Прегледајте ја историјата на квотите од последните две години со новата апликација. За прв пат, една од најдобрите програми за тргување Ви дозволува да ги анализирате квотите и да купувате акции во истиот прозорец – сето тоа благодарејќи на новата програма за тргување на IQ Option.

 

Графиконите во облик на свеќа сега ги прикажуваат податоците за вредноста на акциите дури и до еден месец

Анализата на графиконите во облик на свеќа е сега полесна за користење и нуди широк спектар на инструменти. Периодот кој се прикажува со помош на графиконите во облик на свеќа сега е од пет секунди до еден месец – Вие ја подесувате скалата која би Ви била корисна во Вашите тргувања.

 

Техничката анализа на поседите сега е поедноставена и вклучува многу нови индикатори

Терминалот за тргување на IQ Option сега е попрофесионален и полесен за анализирање. Во најновата програма се вклучени низа нови и пософистицирани индикатори, вклучително и индикаторот MACD, параболичен SAR, Stochastic Oscilator и Awesome Oscilator. Сега има повеќе можности за техничка анализа со IQ Option 4.0 отколку било кога.

 

 

Фибоначиеви низи

Линиите за поддршка и отпор се две од најпопуларните аналитички алатки кои ги користат трговците со акции. IQ Option 4.0 ја носи трговската анализа на повисоко ниво со користењето на Фибоначииевите низи. Оваа алатка не само што ја одредува силата на определен тренд со голема прецизност, туку исто така ги покажува нивоата на корекција на акциите на јасен и прецизен начин.

 

Столбест графикон

Редизајнираните столбести графикони (хистограми) значајно ги подобруваат анализите на долгорочните трендови. Столбестите графикони на IQ Option 4.0 заземаат помалку простор отколку линеарните и квантитативните графикони, а сепак ги даваат истите податоци како и графиконите во облик на свеќа. Секој столб ја прикажува почетната цена на соодветните сретства, завршната цена и минимумот и максимумот во одредениот временски период.

 

Брз трговски софтвер за Mac и Windows

Новиот IQ Option 4.0 може да се преземе и да се инсталира на Вашиот персонален компјутер. Верзијата за персонален компјутер е оптимизирана како за Mac, така и за Windows за беспрекорна работа. Исто така IQ Option користи и вкрстена платформска архитектура со OpenGI технологијата, со што обезбедува изведба на платформата која не е нарушена од можностите на Вашиот компјутер.